Тошковски ги иззема од истрага кадрите на ДПМНЕ за трагедијата во Кочани – селективна одговорност е неодговорност, велат од Левицата

Тошковски ги иззема од истрага кадрите на ДПМНЕ за трагедијата во Кочани – селективна одговорност е неодговорност, велат од Левицата

Од партијата Левица како што велат најостро реагираат на очигледната селективност и политичка мотивираност во водењето на предистрагата и истрагата за трагичниот настан во Кочани, кој однесе млади животи и остави длабоки траги вСпоред Левица, и покрај јасните индиции за сериозни пропусти и свесно непостапување од страна на лица со оперативна надлежност – особено во рамки на МВР – истрагата, симптоматично, се насочува исклучиво кон поранешни функционери и пониски ешалони.

 

Ккко што додаваат, свесно и тенденциозно се изоставаат од одговорност, лица кои имале директна обврска да дејствуваат во моментот на трагедијата – вклучително и началничката на ОВР Кочани, началникот на криминалистичката полиција, главната инспекторка за економски криминал, сменоводителот на критичната вечер, како и други службеници од СВР Штип и Бирото за јавна безбедност.

 

За нив, посебно загрижува политичката поврзаност на дел од овие лица со владејачките структури, што отвора сомнежи за свесно прикривање и заштита.

 

„Постоечките пријави против објектот, отсуството на институционална реакција, нелегалната употреба на пиротехника, како и сомнителната „рација” спроведена без учество на инспекциските служби – укажуваат на свесен институционален пропуст со катастрофални последици. Фактот дека постоела законска можност објектот да биде затворен, но тоа не било сторено, дополнително го потврдува сериозниот степен на неодговорност“.

 

Пратеничката група на Левица најави дека подготвува интерпелација за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поради сериозните пропусти, прикривање на директно одговорни лица и селективно водење на истрагата.

 

„Ќе инсистираме на целосна правда и неселективна одговорност – секој кој потфрлил, секој кој премолчел и секој кој свесно прикривал, мора да одговара. Трагедијата во Кочани не смее да остане без вистински виновници“, порачуваат од Левица.

Back to top button
Close