Тошковски – СДСМ знае дека затворите не се во надлежност на МВР но ме прозиваат и водат „некрофилска“ кампања

„Во однос на прашањата на СДСМ упатени до мене за тоа како притвореник во затворот ‘Шутка’ добил пристап до мобилен телефон, сакам да истакнам дека во секоја правна и демократска држава, најмалку што може да се очекува од политичари кои седум години управувале со институциите е барем основно познавање на нивната поставеност, односно да знаат дека затворите не се во надлежност на МВР, туку на Управата за извршување санкции која е орган во состав на Министерството за правда“, вели Тошковски
Јавноста бара правда, а не политички театар и навистина е срамно тоа што СДСМ води некрофилска кампања, реагира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако СДСМ го повика на одговорност затоа што притворениот Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова од Неготино, беше снимен со мобилен телефон во притворското одделение во затворот „Шутка“.

Тошковски нагласува дека затворите не се во надлежност на МВР туку на Управата за извршување санкции која е орган во состав на Министерството за правда.

„Во однос на прашањата на СДСМ упатени до мене за тоа како притвореник во затворот ‘Шутка’ добил пристап до мобилен телефон, сакам да истакнам дека во секоја правна и демократска држава, најмалку што може да се очекува од политичари кои седум години управувале со институциите е барем основно познавање на нивната поставеност, односно да знаат дека затворите не се во надлежност на Министерството за внатрешни работи, туку на Управата за извршување санкции која е орган во состав на Министерството за правда. Но, суштината не е во ‘незнаењето’, туку во нешто многу полошо, а тоа е намерна злоупотреба на една трагедија за собирање на евтини политички поени. Наместо да покажат минимум човечност и емпатија, тие избраа да водат некрофилска кампања, со која на најмизерен начин се обидуваат политички да профитираат од туѓа несреќа“,
напиша Тошковски на својот фејсбук-профил.

Back to top button
Close