„Тотал“ не ја напушта Русија

Главниот мотив на „ТоталЕнержи” (Total Energies) да не го прекине својот бизнис во Русија е обезбедувањето течен природен гас за Европа, соопшти извршниот директор на компанијата Патрик Поујан.

За разлика од многу други компании, како што се Шел и БП, францускиот енергетски гигант ги задржа активите во Русија, и покрај санкциите наметнати на земјата.
– Нашиот единствен мотив е да ја снабдуваме Европа со течен природен гас – рече Поујан за време на сослушувањето во францускиот Парламент, каде што требаше да го брани останувањето на компанијата во Русија.

Инвестициите на „ТоталЕнержи“ таму вклучуваат мали удели во производителот на гас Новатек и во проекти на Јамал и Арктик-2.

Back to top button
Close