Трагедија на Скадарското Езеро: Превртен чамец однесе живот, потрага по исчезнато лице

Маж на возраст од околу 40 години загина во саботата навечер во несреќа на Скадарското Езеро, откако се превртел чамец во Плавничкиот канал, јавуваат црногорските медиуми.
Според информациите од локалната полициска управа, уште едно лице кое било во чамецот е повредено, додека по трето лице сè уште се трага.
„Станува збор за несреќен случај при превртување на чамец. Според досегашните податоци, едно лице го загубило животот, едно се здобило со повреди и се јавило во Ургентниот центар при Клиничко-болничкиот центар, додека по третото лице се трага“, соопштија од полицијата.
Надлежните посочуваат дека увидот е во тек, а причините за несреќата засега не се утврдени. За случајот е известен и надлежен обвинител.
Извор: skopje1.mk






