Трамп донирал 5.000 долари за реизбор на Камала Харис за државен обвинител на Калифорнија во 2014 година
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп донирал 5.000 долари за кампањата за реизбор на Камала Харис за државен обвинител на Калифорнија во 2014 година, објави демократскиот конгресмен од Флорида, Џаред Московиц.

Тој објави фотографија од чекот за донација на Трамп за Харис на X нарекувајќи го тој потег – „мудра инвестиција“.
Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера објави дека се повлекува од трката за реизбор и ја поддржа актуелната потпретседателка на САД Камала Харис да го заземе неговото место во борбата против Трамп.






