Трамп: Еј-Би-Си треба да го отпушти Кимел и подобро би било тоа да се случи наскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска повторно го постави прашањето кога телевизиската мрежа Еј-Би-Си ќе го отпушти водителот на ток-шоуто Џими Кимел, додавајќи дека би било подобро тоа да се случи наскоро.
„Кога Еј-Би-Си, таа лажна медиумска мрежа, ќе го отпушти крајно ’незабавниот‘ Џими Кимел, кој неспособно води една од најлошо оценетите емисии на телевизија? Луѓето се бесни. Подобро би било тоа да се случи наскоро“, напиша Трамп на Truth Social.
Кимел, во епизодата на својата емисија „Live!“, емитувана во пресрет на пукањето во Вашингтон на вечерата со дописниците на Белата куќа, се пошегува на сметка на разликата во годините меѓу Доналд и Меланија Трамп, велејќи дека Меланија изгледа како „вдовица во исчекување“. Оттогаш, Трамп неколку пати побара од Еј-Би-Си да го отпушти Кимел.
Кимел, изјави дека неговата шега за првата дама Меланија Трамп не била „повик за атентат“. Тој ја опиша шегата како лесна критика за разликата во годините на претседателската двојка и „во никој случај, не како повик за атентат“.






