Трамп: Каков ден, но доаѓаат уште прекрасни денови!

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи со една реченица: „Каков ден, но следуваат уште прекрасни денови“!

Тоа најверојатно се однесува на вчерашниот ден, кога Трамп ненадејно паузираше некои од неговите нови царини на 90 дена и рече дека дополнително ќе ги зголеми царините за увоз од Кина.

Ненадејната промена се случи помалку од 24 часа откако стапија на сила новите американски царини за увоз од десетици земји, трговски партнери на Соединетите Американски Држави.

Новите трговски бариери ги погодија пазарите, ја зголемија веројатноста за рецесија и доведоа до контрамерки од страна на Кина и Европската унија.

Трамп рече дека ќе ги зголеми тарифите за увоз од Кина на 125 отсто од нивото од 104 отсто, што стапи на сила на полноќ.

Тој нагласи дека ќе ги зголеми царините за Кина поради „недостигот на почит што Кина го покажа кон светските пазари“.

Претходно во средата, Кина најави царини од 84 отсто за увоз од САД.

„Ја одобрив ПАУЗАТА од 90 дена и значително ги намалив реципрочните царини од 10 отсто во тој период“, рече Трамп, додавајќи дека одлуките за пауза и зголемување на тарифите за Кина ќе стапат на сила веднаш.

Деталите за неговиот потег се уште не се познати, но познати се последиците, а тоа е историски раст на берзите, особено на американските.

 

Back to top button
Close