Трамп: Моето судење најтешко и падна на Меланија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека судскиот процес против него за тајна исплата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс бил „многу тежок“ за неговата сопруга Меланија Трамп.

Во интервју за Fox & Friends, Трамп рече дека на Меланија „добро ѝ оди“, но дека е „многу тешко“. Трамп истакна дека на неговото семејство му е потешко поради судењето отколку нему.

Додека неколку членови на семејството на Трамп присуствуваа на судењето за да ја покажат својата поддршка, Меланија Трамп остана настрана од судот на Менхетен.

Покрај тоа што отсуствуваше од судницата, Меланија Трамп не беше покрај Трамп ниту кога тој одржа говор како одговор на одлуката на судот во петокот.

Додека другите членови на семејството Трамп објавија пораки на социјалните мрежи со осуда на судската одлука, молкот на Меланија Трамп на интернет исто така покрена прашања, според Newsweek.

Back to top button
Close