Трамп со предупредување до НАТО:„Ако членките не платат доволно, Америка нема да ги брани!“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку земјите-членки на НАТО не платат доволно за сопствената одбрана, САД нема да ги бранат.
Тој рече дека земјите-членки на НАТО сè уште не плаќаат доволно и дека им кажал доколку се неодговорни нема да ги брани.
Американскиот претседател рече дека најверојатно ќе отпатува во Саудиска Арабија во текот на следниот месец и половина.
Специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, вчера изјави дека со Украина разговара за рамката на мировниот договор за прекин на непријателствата со Русија и дека средбата со Украинците е планирана за следната недела во Саудиска Арабија.
Трамп потврди дека висок американски функционер неодамна одржал директни разговори со палестинската милитантна група Хамас за ослободување на заложниците во Газа.
Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, тој рече дека напорите се насочени кон помагање на Израел и дека САД нема да платат за ослободување на затворениците.
Американскиот претседател рече дека наскоро ќе донесе одлука дали да го отповика привремениот правен статус на околу 240.000 Украинци кои избегаа од конфликтот со Русија