Трамп: Уште еден затвореник ќе биде ослободен денеска
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави доцна синоќа дека уште еден американски затвореник ќе биде ослободен денеска, додека во Белата куќа се сретнал со Марк Фогел, кој беше ослободен од затвор во Русија. Засега нема информации дали и тоа лице ќе биде ослободено од затвор од Русија.
Опишувајќи го договорот за затворениците со Русија како „многу фер, многу разумен“, Трамп рече дека „некој друг ќе биде ослободен утре“ без да наведе детали, јавија американските медиуми.
Тој го оквалификува ослободувањето на американскиот учител Марк Фогел – фер договор и истакна дека рускиот претседател Владимир Путин добил многу малку за возврат.
Русија го ослободи Фогел вчера по ненајавената посета на Москва на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф.
Американскиот наставник помина три и пол години во затвор во Русија. По враќањето во САД, Трамп го угости Фогел во Белата куќа.
Ослободување на 63-годишниот Фогел, кој беше приведен во Русија од август 2021 година и отслужуваше 14-годишна затворска казна, дојде во време кога Трамп се обидува да ги подобри односите со Москва како дел од напорите да обезбеди крај на војната во Украина