Тренчевска: Децата се безбедни, да не се шири паника кај граѓаните

И министерот Спасовски и обвинителот Бубевски вчера рекоа дека тоа е изолиран случај. Не треба да создаваме паника кај граѓаните дека не ни се безбедни. Децата се безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, запрашана дали младите се сигурни и безбедни после случајот со убиството на малата Вања Ѓорчевска.

Според неа, новото време создава носи предизвици и дека развојот на ИТ-технологијата и социјалните мрежи наместо да ја подобрат информираноста, преку лажните вести и говорот на омраза создаваат проблеми кај менталното здравје кај голем дел од народот.

Како институции мораме да се прилагодиме на ова ново време и како МТСП каде што надлежност ни се децата, сакам да ги уверувам луѓето дека децата и училиштата се безбедни, рече Тренчевска.

Back to top button
Close