Трениравме вештачка интелигенција за ликот на Горан Стефановски и ова се резултатите!
Во време кога се бориме за нашиот идентитет, време е да се потсетиме и на дигиталниот идентитет на нашата земја и на нејзините великани.
Разочарувачки е тоа кога сакате да создадете нов креативен материјал (статија, презентација, книгичка, видео…) за ликот и делото на некој наш деец и не можете да најдете ништо повеќе од официјалните фотографии! Со историските ликови е уште пострашно, се менуваат неколку прастари илустрации и тоа е тоа.
Обидете се на Google Search на пример да најдете илустрации на Горан Стефановски, а потоа на Никола Тесла и веднаш ќе забележите разлика.
Во обид да го „поправи“ тоа, тимот на Арно.мк ја овозможи својата платформа да се подобри состојбата со дигиталниот идентитет на Македонија и нејзините значајни личности.
Бранко Прља (графички дизајнер) и Владимир Карер (програмер) за таа намена направија модел на апликацијата за машинско учење (вештачка интелигенција) наречена Stable Diffusion. Официјалната апликација не го препознава и дава резултати кои немаат врска со ликот на Горан.
Со тренирањето моделот се учи да го препознае ликот на Горан Стефановски и потоа да може да се користи во комбинација со различни уметнички стилови да даде оригинални и досега невидени резултати. За сега моделот е приватен, но наскоро ќе биде споделен за јавно и слободно користење.
Откако го тренираа моделот, авторите направија негово тестирање со стилови на повеќе класични и модерни уметници. Ова се резултатите, па лапајте!
Целта на оваа статија е да ги поттикне нашите креативци да ги искористат алатките на вештачка интелигенција за повеќе вакви обиди за да се збогати и промовира нашето културно, уметничко, научно и интелектуално наследство кај нас и во светот. За дигиталниот идентитет, напред!