Тревога во јужнокорејскиот Парламент, пратеник бил во контакт со заразен

 Јужнокорејскиот Парламент прогласи тревога и ја одложи седницата за ребалансот на буџетот, откако е откриено дека пратеник на владејачката Демократска партија на почетокот од неделава бил во контакт со лице заразени со коронавирусот.

Пратеникот Ох Јеонг-Хван, кој во средата присуствувал на настан во својата изборна единица Вионгбу, преку смс ги известил новинарите дека еден од граѓаните со кој се ракувал е заразен со коронавирусот.

Пратеникот, кој бил тестиран и е ставен во карантин, објаснил дека имал директен контакт со заразен човек.

Се верува дека пратеникот од средата бил во контакт со околу стотина луѓе, меѓу кои и со пратеници и вработени во Собранието.

Демократската партија побара од своите пратеници кои биле во контакт со него да останат во своите канцеларии во зградата на Парламентот.

Back to top button
Close