Три жени од Тиквешко се новозаразени со коронавирусот

 Три жени од Тиквешко се новозаразени од Ковид-19 во изминатите 24 часа, две од Кавадарци и една од Демир Капија.

Тие се на возраст од 25, 44 и 66 години. Ова за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболените се со лесна клиничка слика, не знаеле каде се заразиле. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.

Back to top button
Close