Три жени убиени на состанок на станари во Рим

Три жени се убиени денеска во Рим кога маж извадил пиштол и почнал да пука за време на состанок на жители на станбен блок во градот, објавија италијанските медиуми.

 

Според извештаите, 57-годишен маж е приведен по пукањето што се случило во бар во населбата Фидене каде што се одржувал состанокоt

Тој едноставно влезе во просторијата, ја затвори вратата и извика: „Сите ќе ве убијам“, а потоа почна да пука, изјави очевидец за италијанската новинска агенција Анса.

Во инцидентот се ранети уште четири лица, а најмалку еден од нив е со тешки повреди.

Според друг сведок, осомничениот е локален жител кој имал расправии со здружението на станари.

Back to top button
Close