Трошановски: Добро е што владата има директни врски со влијателни луѓе во администрацијата на Трамп
Оваа влада, како ретко која досега, има директни врски со влијателни луѓе во новата администрација на Трамп и тоа е добро, истакна Марко Трошановски, извршен директор на Институтот за демократија „Сосиетас Цивилис“, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Сепак, сите тие луѓе, родум Македонци, олигарси кои што имаат некакви влијанија во администрацијата на Трамп е добро да се имаат на телефонски повик или порака, кога сакате да пренесете некоја своја потреба или грижа“, смета Трошановски.
Затоа, верува Трошановски, треба да се очекува дека лобирањата за нашите интереси ќе бидат уште подобро слушнати отколку што тоа било случај претходно.
„Дали тие ќе резултираат со некаков ефект, ќе видиме. Навистина е тешко да се каже. Во делот на глобалните текови, коректно е да се каже дека Западниот Балкан не е еден од приоритетите, како што беше во времето на Обама и делумно за време на Бајден“, вели Трошановски.