Трудо: Наредив да се собори неидентификуван летечки објект што леташе над Канада

Премиерот на Канада Џастин Трудо на официјалниот Твитер-профил соопшти дека по негова наредба американски воен авион соборил неидентификуван објект што летал високо над северна Канада, дејствувајќи еден ден откако американските авиони презеле слична акција над Алјаска.

Непосредно пред твитот на Труо, Северноамериканската воздушна одбранбена команда (НОРАД) соопшти дека открила објект што лета на голема височина над Канада, без дополнителни информации.

Советникот Оливие Галант, рече дека се распоредени и канадски и американски воени авиони кои работат како дел од НОРАД.

Премиерот на Канада на Твитер се заблагодари на воздушната одбранбена команда и најави дека ќе ги анализираат остатоците од објектот.

Back to top button
Close