Турција: Мајка и две деца спасени по 228 часа под урнатините

Две жени се извлечени од под урнатините во јужниот турски град Кахраманмараш, а мајка и две деца се спасени во градот Антакија во текот на вчерашниот ден, додека спасувачките напори од потрага по преживеани под урнатините се позасилено се фокусираат на помошта за настраданите без покрив над главата.

Турските медиуми, најнапред објавија снимки на кои можеше да се види како спасувачите ракоплескаат и се прегрнуваат додека брзата помош однесе 74-годишна жена извлечена од под урнатините во Кахраманмараш, а претходно во текот на денот, 46-годишна жена беше спасена во истиот град, кој се наоѓа во близина на епицентарите на катастрофалните земјотреси.

Подоцна во средата, една жена по име Ела и нејзините деца Мејсам и Али беа извлечени од под урнатините на станбен блок во Антакија, 228 часа по земјотресот, соопшти државната новинска агенција Анадолу.

Спасувачите ги предале децата и жената на екипа на брза помош која им пружила прва помош, а потоа ги однела во болница. Брзата помош беше испратена со аплауз, а насобраните спасувачи се прегрнуваа и си честитаа.

Вкупниот број на загинати во Турција и во Сирија се искачи на повеќе од 41.000, а на милиони им е потребна хуманитарна помош, при што многу преживеани останаа без покрив над главата на ниските зимски температури. Спасувања од под урнатините има сѐ помалку и на подолг временски интервал

Back to top button
Close