Туристите заглавени на аеродромот во Дубаи: Очајно бараат храна и вода

Туристите заглавени на аеродромот во Дубаи изјавија дека бараат храна, а во исто време се без вода, поради големите поплави предизвикани од дожд и грмотевици, јавува Би-Би-Си.

Речиси 50 летови беа откажани во вторникот, а на социјалните мрежи се појавија снимки од луксузни автомобили кои пливаат во порои од вода и поплавени трговски центри, како и потопени аеродроми.

Надлежните упатија предупредување до граѓаните да останат дома, но патниците останаа на аеродромите, и велат дека чекаат со часови и немаат информации. На шалтерите имаше голема гужва, како и групи луѓе кои извикуваа, ракоплескаа и свиреа во знак на протест.

Back to top button
Close