Турски државјанин пронајден починат во угостителски објект на Бит Пазар


Жител на Република Турција бил пронајден починат во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар. Случајот бил пријавен вчера (31.10.2022) во 16.30 часот, во СВР Скопје.

-На 31.10.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат А.Ч.(79) од Република Турција. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Back to top button
Close