Турски град ќе биде срамнет со земја, па повторно изграден

Поради катастрофалниот земјотрес, турски град ќе биде срамнет со земја и повторно изграден.

Се работи за градот Нурдаг, кој имаше околу 40.000 жители и се наоѓа во округот Газиантеп.

Гувернерот на округот Шарнак, Осман Билгин потврди дека ќе го урнат градот, а потоа ќе го изградат.

Нурдаг е оддалечен само 20 километри од градот Пазарџак, што беше епицентар на првиот од серијата разорни земјотреси.

Инаку, турските власти уапсија и приведоа за време на викендот и денеска голем број изведувачи поврзани со зградите што се урнаа во земјотресот.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг при денешната посета на Дијарбакир изјави дека јавното обвинителство покренало судска истрага на сите места погодени од земјотресот

Back to top button
Close