Туск: Полска ќе инвестира 26 милијарди долари за цивилна одбрана и заштита на населението

Полска планира да инвестира 102,4 милијарди злоти (околу 26 милијарди долари) во следните пет година во програмата за населението и цивилната заштита, најави полскиот премиер Доналд Туск.

Поради интензивираните руски напади врз западна Украина, полските власти изминатите месеци постојано го предупредуваат населението за можните последици од воздушните напади на полска територија.

Програмата, исто така, има за цел да ја подготви земјата и населението за природни катастрофи како што се поплавите.

Приоритетите на цивилната одбрана вклучуваат заштитни објекти, разни видови засолништа, опрема за спасување и инфраструктура, како и акумулација на резерви за кризни ситуации и природни катастрофи. Ќе финансираме системи за предупредување, информациски системи и безбедни комуникации меѓу институциите и службите, посочи Туск.

Back to top button
Close