Твитер веќе нема да се бори против дезинформациите околу Ковид-19

Овој потег исто така доаѓа по критики и загриженост околу тоа дали мрежата е способна да се бори со дезинформациите, откако отпушти околу половина од својот персонал, по преземањето на компанијата од страна на Илон Маск.
Не е јасно какви конкретните мерки Твитер има намера да отфрли. Компанијата не одговори на барањето да сподели повеќе информации, јавија некои американски медиуми.
По ширењето на пандемијата во 2020 година Твитер воведе голем број мерки, вклучително и етикети и предупредувачки пораки на твитови со спорни информации за здравствената криза и рамка како корисниците да ги отстранат твитовите што шират лажни тврдења поврзани со вакцините или пандемијата.
Од минатиот месец,Твитер е во сопственост на милијардерот Маск. Популарната социјалната мрежа, најмногу користена од професионалните новинари, тој ја купи за 44 милијарди долари и започна со брзи промени на услугите и персоналот на платформата. Маск на 29 октомври рече дека ќе формира совет за модерација на содржината со „широко различни гледишта”.