Уапсен поранешниот градоначалник на Екатеринбург поради „дискредитирање на руската војска“

Поранешниот градоначалник на Екатеринбург, опозицискиот политичар Евгениј Роизман утрово беше приведен од руските специјални полициски сили врз основа на кривично обвинение за „дискредитација на руската армија“. Доколку биде прогласен за виновен може да биде осуден на затворска казна до пет години.

Политичарот постојано јавно ги критикуваше акциите на руската армија во Украина.

Според негови соработници, тој е обвинет по член 280.3 „Јавно ширење на свесно лажни информации за употребата на вооружените сили на Руската Федерација“.

Претходно, Роизман политички ги поддржуваше опозиционерите Алексеј Навални и Михаил Ходорковски. Учествувал во протестни акции и комуницирал со странски дипломати.

Од Фондацијата „Роизман“, за ТАСС рекле дека се претресуваат канцелариите. Покрај тоа, во тек е претрес во Музејот на икони Невјан во Екатеринбург и станот на Роизман.

Западните медиуми истакнуваат дека Роизман досега беше еден од последните угледни опозициски политичари во Русија кој не е во егзил или во затвор.

Back to top button
Close