Уапсен таткото на Макса Амини на годишнината од нејзината смрт

Иранските власти го уапсија таткото на 22-годишна жена чија смрт во затвор пред точно една година предизвика драматични антирежимски протести кои продолжија и покрај бруталната репресија.

Амјад Амини, таткото на починатата Макса Амини, бил приведен на 16 септември пред неговата куќа и одведен на распит во Министерството за разузнавачки служби во неговиот роден град Сагез, дознава Радио Фарда на РСЕ.

 

Му било кажано дека тој и неговото семејство денеска не смеат да ја напуштат нивната куќа, која беше опкружена од безбедносните сили кои ја блокираа улицата за да спречат јавноста да реагира.

Амјад Амини, таткото на Махса Амини
Амјад Амини, таткото на Махса Амини

Се чини дека безбедноста е засилена во многу градови низ Иран на првата годишнина од смртта на Макса Амини, по една минатата ноќ на протести насекаде на кои се осудуваше врховниот лидер и се бараат права за жените.

Области на главниот град Техеран и големите градови како Машхад на североисток и Шираз на југ беа преплавени од демонстранти кои извикуваа слогани како „Смрт за диктаторот!“ и “Жена, живот, слобода!”

Смртта на Макса Амини поттикна илјадници Иранци да излезат на улиците низ земјата за да бараат повеќе слободи и права за жените. Масовните немири, кои продолжуваат, претставуваат најголема закана за исламската влада од револуцијата во 1979 година.

Back to top button
Close