Уапсени 63 лица на протест во Грузија, повредени шестмина полицајци

Најмалку 63 лица се уапсени на протестот против предлог-законот за „странски агенти“ во Тбилиси, а во судирите се повредени шест полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грузија

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби за да ги растераат демонстрантите пред Парламентот.

Агенциите јавија дека лидерот на најголемата опозициска партија Обединето национално движење, Леван Кахеишвили, бил претепан за време на протестот и добил лекарска помош

Back to top button
Close