Уапсени двајца струмичани поради бегство од затвор, биле осудени за тешка кражба
Од МВР информираат дека денеска околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишиле од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица.

Лицата биле во бегство од КПУ Затвор Струмица, а претходно осудени поради сторено кривично дело по чл.236 ст. вв чл.45 од Кривичниот законик.
„Лицата се спроведени во КПУ Затвор Струмица за доиздржување на казната“, посочија од МВР






