УАПСЕНИ ШЕСТМИНА КОЛУМБИЈЦИ ЗА АТЕНТАТОТ НА ЕКВАДОРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ ВИЛАВИСЕНСИО
Вилависенсио говореше на предизборен митинг пред школо во Кито и неколку минути потоа беше убиен. (Фото: АП)
Министерот за внатрешни работи рече дека е во тек полициска истрага за „гнасниот настан“ и се работи на „откривање на мотивот на ова злосторство и оние што го смислиле“. Министерот рече дека во полициската рација која резултирала со апсење на шестмината,најдени се пушка, автомат, четири пиштоли, три гранати, четири кутии со муниција, два мотора и возило за кое било пријавено дека е украдено.
Претседателот Гиљермо Ласо рече дека атентатот бил обид за саботирање на изборите. Тој додаде дека гласањето ќе се одржи како што е планирано на 20 август, и покрај националната вонредна состојба. Рече дека организираниот криминал стои зад убиството и побара од американските федерални агенти да помогнат во истрагата, а наскоро треба да пристигнат агентите на ФБИ.