Убедлив пораз на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Германија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа и вториот пораз во Г групата од Лига Европа откако вечерва во дуелот од третото коло загубија од бундеслигашот Гумерсбах со 38:28. Македонскиот претставник со еден освоен бод е последен на табелата во групата.
Битолчани беа рамноправен ривал само во првите 15-тина минути кога во неколку наврати имаа и минимално водство, а последен пат резултатот беше нерешен 7:7. Во продолжението следуваше серија од 7-2 на Гумерсбах, екипа која ги казнуваше грешките на македонскиот тим поведе со 14:9. На полувреме беше 20:15.
Во вториот дел Гумерсбах го зголемуваше водство и највисокото беше +10 во неколку наврати што беше и конечниот резултат 38:28. Алекс Душебаев од Гумерсбах со 9 голови беше најефикасен, додека Филип Кузмановски кај Еурофарм Пелистер постигна 7.
На вториот дуел од групата Вибжеже и Ла Риоха одиграа нерешено 30:30.
Гумерсбах и Вибжеже имаат по 4 бодови, Ла Риоха 3, а Е.Пелистер 1.
Еурофарм Пелистер следниот натпревар го игра во Битола на 17.ноември против Гумерсбах






