Убедлив старт на македонските селекции на шаховската Олимпијада

Во индискиот град Ченај почна 44. Олимпијада на која настапуваат 186 репрезентации во машка и 160 во женска конкуренција, а меѓу учесниците се и соодветните македонски селекции.

Во воведното коло, македонските шахисти и шахистки забележаа убедливи победи без загубен поен.

Во машка конкуренција, Северна Македонија триумфираше над Бермуда со 4-0, а со идентичен резултат шахистките беа поуспешни во дуелот со Габон.

Поради руската инвазија врз Украина, на репрезентациите на Русија и Белорусија им е забранет настапот на Олимпијадата, а Кинезите во знак на поддршка на Русија не ги испратија своите шахисти и шахистки, кои ги бранат титулите од последната Олимпијада во 2018 година

Back to top button
Close