„Убиства се потребни, ќе ја срушиме северномакедонската влада“пишувало во заканата за бомба во Куманово

„Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат“; „Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија“, се дел од заканите во пораката

Закани дека ќе бидат убиени невини луѓе, но и дека ќе биде срушена „северномакедонската влада“, може да се прочитаат во содржината на електронската порака со дојава за бомба која утрово пристигнала во девет основни и едно средно училиште во Куманово.

Содржината ја објави порталот „Кумановски муабети“ и во неа директно се споменуваат премиерот и неговата партија.

„Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите“,стои во електронската порака што ја објави „Кумановски муабети“.
Од објавеното може да се види дека пораката е испратена од електронската адреса [email protected], а нејзиниот наслов бил „Експлозивен уред е поставен во училиштето“.

Текстот на „Кумановски муабети“ и фотографија од пораката можете да погледнете ТУКА.

Советот за координација на разузнавачките служби ќе ја разгледува ситуацијата со дојавите за бомби, најави Спасовски

Back to top button
Close