Ѓукановиќ ја урива владата на Абазовиќ

Партијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ повеќе нема да ја поддржува владата на премиерот Дритан Абазовиќ, одлучи на денешната седница претседателството на Демократската партија на социјалистите (ДПС).

-Го изразуваме нашето жалење поради промената на политичкиот курс на Владата на Црна Гора, спротивен на политичката спогодба за нејзиното формирање. Владата, наместо да ја исполнува приритетната задача а тоа е агендата за евроинтеграции, набрзина и без консултации со стручната јавност склучи Договор со СПЦ, причинувајќи им непроценлива штета на државните интереси на Црна Гора. Со тоа, наместо градење силен консензус за граѓанска и провропска политика, на сцена се враќа автодеструктивните и стари поделби. Ја овластивме пратеничката група на ДПС да ги преземе сите адекватни правни задачи за одлуката за ускратување на поддршката на Владата да биде операционализирана во Собранието на Црна Гора, се вели во заклучоците кои ги усвои претседателството на ДПС.

Црногорската влада е малцинска и зависи од поддршката на ДПС која не е членка на владејачката коалиција.

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека ја поддржува одлуката на Демократската партија на социјалистите која на денешното Претседателство на партијата одлучи да ја прекине поддршката на актуелната Влада.

„Одговорно е и државнички кога не си во можност да и помогнеш на државата, барем да не и одмогаш. Ќе видиме каков е ставот на мнозинството пратеници. Црна Гора мора да продолжи – криминалот, корупцијата и национализмот не се опции. Европската иднина ќе победи“, напиша Абазовиќ на Твитер.

Back to top button
Close