Укинат притворот на осомничените за инцидентите во Атина и убиството на навивачот на АЕК, ослободени сите 105 навивачи

Сите 105 осомничени лица за инцидентите во Атина пред стадионот на АЕК и убиството на навивачот, се пуштени од притвор, а мнозинството од нив се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, биле одобрени и последните барања за пуштање од притвор, па така ослободени ќе бидат сите 105 осомничени од кои 102 се Хрвати, двајца се Грци, а еден е албански државјанин.

Пред две седмици започна постепеното ослободување на притворените, укинат беше притворот на првата група од 20 хрватски навивачи на Динамо Загреб.

За убиството во Атина на 29-годишниот навивач на АЕК на почетокот на август беа уапсени 105 лица и на сите им беше одредена мерка притвор.

Back to top button
Close