Укинување на полицискиот час предлага Комисијата за зaразни болести

Ново олеснување на мерките предложи утрово Комисијата за заразни болести. Стабилната епидемиолошка состојба во земјата и намалениот број на ново заразени со Ковид 19, е причина епидемиолозите да предложат олеснување на рестриктивните мерки. Одлуките ќе бидат предложени до Кризниот штаб, а доколу бидат усвоени и на Владина седница ќе стапат на сила на 16 јуни.

Комисијата за заразни болести предлага:

Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.

Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.

Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Back to top button
Close