Украина соопшти дека годинава неутрализирала повеќе од 4.500 кибер-напади

Службата за безбедност на Украина (СБУ) неутрализираше повеќе од 4.500 сајбер напади врз земјата оваа година, изјави Илја Витјук, шеф на Одделот за кибер-безбедност на СБУ.

Витјук појасни дека Украина во 2022 година влегла со осумгодишно искуство во хибридно војување, така што во времето на инвазијата била подготвени за најлошите сценарија.

„Масовните кибер-напади што ги одбивме во јануари и февруари станаа дополнителна ‘обука’ пред инвазијата. Денес, една земја-агресор извршува во просек повеќе од десет кибер-напади дневно. За среќа, украинското општество не ни знае за повеќето од нив“, рече Витјук.

Неговите проценки се дека цел на нападите најверојатно ќе бидат енергетскиот сектор, логистиката, воени објекти, владини бази на податоци и информациски ресурси.

Back to top button
Close