Украина воведува казнени мерки за неколку великодостојници на УПЦ

Властите во Киев наредија спроведување на казнени мерки против седум високи црковни великодостојници на Украинската православна црква (УПЦ), која има повеќевековни врски со Москва и е под се поголем притисок од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.

– Правиме се за да се осигураме дека државата агресор не може да влече конци што би можеле да предизвикаат страдање на украинското општество, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавувајќи ги мерките во синоќешното видео-обраќање.

Според наредбата издадена од Советот за безбедност на Украина, на свештениците им е одземен имотот и тие се предмет на забрана за голем број економски и правни активности, како и де факто забрана за патување.

Украинскиот совет за безбедност минатиот месец нареди истрага за активностите на УПЦ, а се разгледува и легислатива за ограничување на нејзините активности.

Back to top button
Close