Украинската армија тврди дека десетици Руси загинале во борбите во Херсон

epa09962122 A picture taken during a media tour organized by the Russian Army shows a sign reading ‘Kakhovra HPP’ at the the Kakhovka Hydroelectric Power Plant (HPP) on the Dnieper River in Kakhovka, near Kherson, Ukraine, 20 May 2022 (issued 21 May 2022). The Kakhovka HPP is the main source of energy supply to the south of Ukraine, as well as the most important strategic facility. EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Украинската војска утринава соопшти дека убила десетици руски војници и уништила две складишта со муниција во борбите во регионот Херсон, центарот на контраофанзивата на Киев на југот на земјата и клучната врска со линиите за снабдување на Москва.

Железничкиот сообраќај до Херсон преку реката Дњепар е прекинат, соопшти јужната команда на војската, што потенцијално дополнително ќе ги изолира руските сили западно од реката од залихите во окупираниот Крим и на исток.

Украина во последните неколку недели користеше ракетни системи со долг дострел испорачани од Запад и тешко оштети три м оста над реката Дњепар, отсекувајќи го градот Херсон и оставајќи ја 49-та руска армија стационирана на западниот брег на реката многу ранлива, проценуваат британски функционери од одбраната.

– Како резултат на огнот кој воспостави контрола над главните сообраќајни врски на окупираната територија, утврдено е дека сообраќајот преку железничкиот мост над реката Дњепар не е возможен, се вели во соопштението на украинската јужна команда.

Во соопштението се наведува дека повеќе од 100 руски војници и седум тенкови биле уништени во вчерашните борби во регионот Херсон, првиот голем град заземен од Русите по инвазијата врз Украина на 24 февруари. Првиот заменик-шеф на регионалниот совет на Херсон, Јуриј Соболевски, им порача на жителите да се држат настрана од депонии за руска муниција.

– Украинската армија се бори против Русите и ова е само почеток, напиша тој на Телеграм.

Според проукраинскиот гувернер на областа Херсон, Дмитри Бутри, областа Берислав е особено погодена. Берислав се наоѓа преку реката, северозападно од хидроцентралата Каховка.

– Во некои села ниту една куќа не остана недопрена, целата инфраструктура е уништена, луѓето живеат во подруми, напиша тој на Телеграм.

Светските агенции чии известувачи се на терен нагласија дека не можат независно да ги проверат овие извештаи, а претставници на руската администрација која управува со регионот Херсон претходно оваа недела ги отфрли западните и украинските проценти на ситуацијат

Back to top button
Close