Украинските сили ги одбиваат руските напади околу Бахмут во Доњецк

epa10345127 Ukrainian servicemen pictured near the frontline town of Bakhmut, in Donetsk region, Ukraine, 02 December 2022. Bakhmut, has been a place of fierce fighting between the Ukrainian and Russian troops with a large number of casualties. Russian troops entered Ukraine on 24 February 2022 starting a conflict that has provoked destruction and a humanitarian crisis. EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

 

Украинските сили одбија неколку руски напади во регионот околу спорниот град Бахмут во источната провинција Доњецк, пренесе ДПА повикувајќи се на украинскиот генералштаб.

Персоналот, исто така, потврдил дека украинската артилерија ги погодила руските трупи во селото Половинкино во соседната провинција Луганск, при што биле убиени или повредени околу 150 руски борци.

Сличен артилериски напад врз руски војници во провинцијата Херсон на југ резултираше со смрт на околу 50 војници, а повредени се уште 100, се вели во извештајот.

ДПА нагласува дека овие информации не можат да се потврдат од независни извори.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close