„Јулски коњички турнир“ и премиерно коло од националниот куп во прескокнување пречки


Во организација на Коњичкиот клуб „Илинден“ од Скопје претстојниот викенд ќе се одржат првиот „Јулски коњички турнир“ и првото коло од Македонскиот куп во прескокнување пречки.

Натпреварувањата ќе се одржат в сабота на теренот на коњичкиот клуб „Илинден“ во Хиподром, во населбата Маџари, со почеток во 8:30 часот.

На програмата, како што соопшти Македонската федерација за коњички спортови, ќе бидат четири натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц и дебитанти, со височина на пречките од 0.70 – 1.15/1.25 метри.

Back to top button
Close