Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска (член на ДКСК) од наставен кадар откако Телма ја праша Антикорупциска за нејзин можен судир на интерес

Универзитетот за туризам и менаџмент вчеравечер ја отстрани сликата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар на кој Ристовска се наоѓаше повеќе од десет месеци по нејзиниот избор за член на ДКСК. Ристовска го водеше предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, а дел од предметот беше и претставка за факултетската диплома на Христовска добиена на факултет и универзитет каде во тоа време дел од наставен кадар била токму Цвета Ристовска.

Откако од редакцијата на Телма ја прашале ДКСК за можен судир на интереси на Ристовска во предметот, Комисијата ги одмолчила прашањата произлезени од информациите објавени на веб сајтот на ДКСК и на Универзитетот за менаџмент и туризам. Но, потоа пратиле ПДФ документ насловен како демант и тврделе дека нема никаков судир на интереси без да објасни од каде им е таков заклучок и кој, како и кога ја спровел законската процедура за проверка на судир на интереси за Цвета Ристовска.

ДКСК тврдеше дека имале техничка грешка на нивниот сајт, а Универзитетот ја озбриша сликата на Ристовска од списокот натавен кадар

Back to top button
Close