Љупчо Николовски на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор,не вечерва

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во владата на СДСМ и ДУИ, Љупчо Николовски пред неколку дена, поточно на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор, потврдија од МВР за „Фокус“.
„Лицето на 07.05.2026 по наредба на ОЈО е повикано на информативен разговор во СВР Скопје-Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста“, посочија од МВР
Претходно Пресс 24 повикувајки се на свои извори јави дека екс министерот Љупчо Николовски од редовите на СДСМ објави дека вечерва бил повикан во полициска станица на информативен разговор за како што објави порталот сомнежи за злоупотреба на министерската функција на јавна набавка која ја спровел додека бил министер за повеќе од 800.000 евра, спротивно на Законот за јавни набавки.






