Уште 28 загинати во Газа во изминатите 24 часа, вкупниот број достигна 35.000

Министерството за здравство на Хамас денеска објави дека најмалку 28 лица загинале во Појасот Газа во изминатите 24 часа.

Министерството во редовниот дневен извештај објави дека во израелската војна против палестинското исламистичко движење Хамас, која започна на 7 октомври минатата година, досега се убиени 34.971 лице.

Во седумесечната израелска воена операција во Газа повредени се 78.641 лице.

Back to top button
Close