Успешно заврши потрагата по тројцата моторџии заглавени во кал на Плачковица

Успешно заврши потрагата по тројцата моторџии кои вчера биле пријавени дека се изгубени на планината Плачковица, а нивните семејства не можеле да исконтактираат со нив, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Регионалниот ЦУК – Штип извести дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи добиле информација за изгубени лица на планина Плачковица.

„Се работи за три лица со мотори, кои заедно со поголема група се упатиле од хотел „Бел камен“ (Радовиш) кон с. Зрновци. Последен контакт со нив е околу 19:00 часот, при што кажале дека се заглавени во некоја кал на неодредена локација. Во потрага биле вклучени: 15-16 лица со мотори кои биле во нивната група, едно полициско возило од Полициската станица ПС Штип на правецот Туртел – одмаралиште УГД, едно полициско возило од село Зрновци кон Плачковица, околу 20-25 луѓе од поблиската фамилија на исчезнатите лица, информираа од ЦУК

Била контактирана и Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани, кои се организирале да тргнат во пребарување. Биле известени и дежурните од ДЗС Скопје за превземање мерки во нивна надлежност.

„Утрово, РЦУК Штип, извести дека од Планинарска служба Осогово со 4 лица и 1 теренско возило во 05:00 часот излегле на терен и пребарувале на ралација Видовиште, Латал – Бел Камен. Според последните информации добиено од РЦУК Штип, едното од изгубените лица во 06:58 часот воспоставило контакт со член на фамилија и известил дека трите лица со моторите се заглавени во кал, па ноќта ја поминале на планината Плачковица и дека се во добра здравствена состојба“ – велат од ЦУК.

Back to top button
Close