Устата на Касами му е побрза од мозокот. Таравари за изјавата на Касами дека и да си оди АА е нула
Во однос на изјавите на претседателот на движењето Беса и негов коалициски партнер Билал Касами, оти заминувањето на Таравари од ВЛЕН нема да има вистинска тежина и, како што додаде, „ако си замине од ВЛЕН, тогаш е нула, бидејќи нула беше кога дојде“, лидерот на дел од АА се повика на феномен од психологијата кога „устата побрзо зборува додека мозокот процесира“.
„Во психологијата има еден феномен, кога устата зборува побрзо од мозокот, додека мозокот процесира. Се вика како феномен лапсус лингве и мислам дека господинот Билал немаше намера лошо да мисли, дека Алијанса за Албанците е нула, туку не ги стави зборовите баш како што треба во реченицата. Се надевам, мислам и сигурен сум дека нема лоши намери и не мисли така како што кажа, туку избрза со еден збор и кажа како што не треба“,рече Таравари.
Тој најави дека вечер ќе се сретнат четворицата лидери од Вреди и ќе видат како понатаму.