УТРЕ ОСТАВКА ОД ЗАЕВ! Данела Арсовска со прв коментар по гласањето
Оро се вие и песни се пеат во главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ откако партијата прогласи победа во најголемиот дел од општините ширум Македонија, а големо водство има и Данела Арсовска во Град Скопје, која во моментов е во предност од над 16.000 гласови во однос на кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов.
Победничка атмосфера има и во штабот на Данела Арсовска на Улица Македонија, каде што и таа самата пристигна пред неколку минути.
Во кратка изјава за ТВ21, Арсовска рече дека уште утре ја очекува оставката на премиерот Зоран Заев.
– Што направивме! Утре оставка Заев! – бил коментарот на Арсовска.
Ваквиот нејзин коментар следува откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека ќе си поднесе оставка од премиерската функција доколку Петре Шилегов не освои нов мандат во Град Скопје.