Ужасен тренд во српските училишта- скенираат етикети на облека на соученици и им се потсмеваат ако не е брендирана
Ужасен тренд ги преплави српските училишта. Ги скенираат етикетите на своите соученици и ги исмејуваат по социјални мрежи ако облеката не е брендирана. Трендот „колку чини вашиот аутфит“, кој стана вирален во некои држави, се чини дека се пресели и во училишните клупи, па учениците по српските средни училишта меѓу себе проценуваат дали облеката што ја носат нивните пријатели е „лажна“ или „оригинална“.

Лудата игра отиде дотаму што учениците користат дури и апликации за скенирање на QR кодови на облеката, со кои можат да видат колку чини облеката, дали е позната марка или дали е купена, на пример, на улична продажба.
Досегашната практика покажа дека токму овие разлики доведуваат до насилство од врсници, а најчести жртви се децата кои потекнуваат од семејства чијашто помала платежна моќ не им дозволува да купуваат скапа и брендирана облека. Експертите велат дека во екот на борбата да се осигура дека ниедно дете не се разликува од неговите врсници, повторно ја оживеа приказната за враќањето на униформите на учениците. Училиштето „Прота Стеван Поповиќ“ од Чумиќ, кај Крагуевац, кое стана првото во Србија кое воведе униформа.






