Јужна Кореја и САД ги започнаа најголемите вежби од 2017 година

Јужна Кореја и САД денеска ги започнаа најголемите заеднички воени вежби од 2017 година, објавија јужнокорејските власти.

Годишните летни вежби треба да завршат на 1 септември, а јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол, кој ја презеде функцијата во мај, вети дека ќе ги „нормализира” заедничките вежби со САД и ќе го зајакне военото одвраќање против Северна Кореја.

Одделно, Сеул започна четиридневна вежба за цивилна одбрана чија цел е зајакнување на подготвеноста на владата, прва од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Северна Кореја лансираше два крстосувачки ракети од нејзиниот западен брег минатата недела, откако Сеул и Вашингтон почнаа да се подготвуваат за вежби.

Јун рече дека неговата влада е подготвена да обезбеди економска помош за северниот сосед, под услов Пјонгјанг да преземе чекори кон денуклеаризација, но Северна Кореја ја отфрли понудата.

Back to top button
Close