Вацке демантира трансфер на Роналдо во Дортмунд

Извршниот директор на Борусија, Ханс-Јоахим Вацке, демантираше денеска дека бундеслигашот од Дортмунд е заинтересиран за фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, пренесува Скај спорт.

Реакцијата на Вацке уследи откако германскиот весник Билд објави дека Борусија планира да го ангажира португалскиот репрезентативец, додавајќи оти интерес за таков трансфер пројавил и самиот Роналдо поради можноста со клубот од Дортмунд да игра сезонава во Лигата на шампиони.

– Го сакам тој играч. Да се гледа Кристијано како игра на „Сигнал Идун Парк“ секако би била шармантна идеја. Но, не постои каков и да е контакт меѓу нас. Од тој аспект, треба да престанеме да зборуваме за тоа, изјави Вацке.

Претходно и тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, повторно демантираше дека Роналдо до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот од „Олд Трафорд

Back to top button
Close