Валверде официјално се врати на клупата на Атлетик Билбао

Шпанскиот стратег Ернесто Валверде (58) денеска официјално седна на клупата на Атлетик Билбао што беше најавено минатиот петок, кога Јон Уриарте победи на изборите за претседател на баскискиот клуб.

Валверде беше главен кандидат за тренерското место на Уриарте и неговиот против кандидат Рикардо Баркала, додека третиот претседателски кандидат Инаки Аречебалета сакаше на клупата да го донесе аргентинскиот тренер Марсело Биелса.

Валверде, кој трет пат се враќа во Атлетик Билбао, ја почна својата тренерска кариера во баскискиот прволигаш како помошник во сезоната 2001/02, а две години подоцна беше назначен за шеф на стручниот штаб.

По ангажманите во Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија, во 2013 година Валверде се врати во Атлетик и седеше на клупата во следните четири години.

Потоа дојде повик од Барселона, кој Валверде не можеше да го одбие, и остана во каталонскиот клуб до 2020 година. Барселона беше негов последен ангажман. е

Back to top button
Close