Ванг: Модернизацијата на кинеската армија нема да претставува закана за која било земја

Издвојувањата на кинеската држава за потребите на системот за национална одбрана во основа се стабилни веќе долги години, со „умерени и разумни“ зголемувања, изјави денеска портпаролот на кинескиот Парламент, Ванг Чао.

Тој посочи дека модернизацијата на кинеската армија нема да претставува закана за која било земја.

Тој беше прашан од новинарите колку е зголемен буџетот за потребите на одбранбениот систем оваа година и дали воопшто се зголемил, но тој одби да даде прецизни податоци или бројки.

Back to top button
Close